Sunday, Jun 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаАктивистки ќе организираат Школа за феминизам против стереотипите

Активистки ќе организираат Школа за феминизам против стереотипите

Во рамките на проектот „Едукација и акција за промоција на женските права“ активистки од повеќе невладини организации ќе организираат Школа за феминизам која има за цел да ги разобличи сите стереотипи, но и погрешни практики во родовата еднаквост во Македонија. Еден од најголемите проблеми е нееднаквоста на пазарот на трудот, водење на повеќе кампањи кои ја стигматизираат жената при остварување на нејзините права, како и недостигот на критика токму кон шовинизмот и сексизмот.

feminizam

„Мотивирани од оваа состојба, ние, активистките од „Тиииит! Инк.“, „ЛезФем“ – Хелсиншки комитет за човекови права“, „Бори се женски“ и Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, решивме да организираме Школа за феминизам, со цел да поттикнеме проблематизирање на овие предрасуди и дилеми, како и критичко промислување на општествените активности и нивните обмислувања и модели во правец на родова еднаквост и трансформација, се вели во соопштението на „Тиииит! Инк“.

Школата ќе се одвива од октомври 2015 до јуни 2016 и ќе се состои од 8 предавања, кои ќе се занимаваат со општи теми од историјата на феминизмот со цел да се образложи потребата од феминистичко промислување. Предавањата ќе ги водат активистки или феминистки од земјата и регионот и ќе бидат придружени со дебати, дискусии и проекции на играни филмови и документарци. Сите заинтересирани со своите податоци може да се пријават на електронската адреса stravodfeminizam@gmail.com најдовна до 18 октомври.