Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАктивисти на ВМРО-ДПМНЕ приведени и малтретирани од полицијата во Ново Село

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ приведени и малтретирани од полицијата во Ново Село

Во Ново Село се приведени од полицијата и малтретирани активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои биле вклучени во изборната кампања, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ова е само продолжување на праксата на политичка хајка која се води кон партијатаж.

„Ова е обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една Фабрика Герас Цунев по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.