Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеАКО: Се исушија сите палми

АКО: Се исушија сите палми

Сите палми засадени низ Македонија, без исклучок, се исушија, пишува АКО.мк. Палмите, проект на ВМРО ДПМНЕ платени со пари од државниот буџет, не ја преживееја оваа зима. Екстремно ниските температури го направија своето, а не помогнаа ниту ,,облекувањето“, ниту затоплувањето под најлони преку зима, ниту пак туширањето преку лето. Директорот на Македонски шуми не убедуваше дека се направени проценки и е утврдено дека овој вид растенија можат да успеат на ова поднебје. Ги игнорираа и отфрлија сите стручни укажувања дека палмата е медитеранско растение нема шанси да преживее на оваа клима. Најмногу палми беа засадени во Скопје, па потоа во Охрид, Преспа, Прилеп… и сите тие палми сега се исушени.