HomeДЕНЕШНАСветАко останат визите ќе го суспендираме договорот – Турција со ултиматум до ЕУ

Ако останат визите ќе го суспендираме договорот – Турција со ултиматум до ЕУ

cavushoglu

Турција и се закани на Европската унија дека ќе го стопира Договорот за бегалците и пред крајот на оваа година, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во ЕУ.

– Нашето трпение е при крај, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлљт Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“.

– Чекаме одговор од ЕУ овие денови. Доколку не стигне, ќе ја откажеме Спогодбата, предупреди Чавушоглу.

Турција според него реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на својот закон за борба против тероризмот, што ЕУ го постави како еден од критеримите за визна либерализација.

– Се придржуваме кон Договорот со ЕУ и очекуваме тоа истото да го стори и Европа. Доколку тоа не се случи, ќе ја суспендираме Спогодбата со ЕУ и во таа област, додаде тој.

На прашањето кога тоа може да се случи Чавушоглу изјави дека Турција веќе претходно го споменувала крајот на октомври како можен рок.

– Секако нема да чекаме до крајот на годината, нагласи шефот на турската дипломатија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com