Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАко нема избори во април Груевски не се повлекува

Ако нема избори во април Груевски не се повлекува

На опозицијата и е јасно порачано дека договорот од Пржино мора да се спроведе како што е предвидено и на 24 април да се одржат предвремените парламентарни избори инаку во спротивно нема логика актуелниот претседател на владата Никола Груевски да си поднесува оставка.

przino

Новата изборна регулатива предвидува премиерот секогаш да се повлекува на 100 дена пред закажаните избори, па доколку СДСМ сака да го одложи датумот тогаш договорот ќе падне во вода. По оставката на Груевски треба да се назначи нов мандатар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го предводи техничкиот владин тим со ограничени надлежности поврзани само со организација на изборите.

Политичките натегања достигнаа кулуминација деновиве со жестоки пресметки меѓу двете главни партии, според СДСМ се уште не се направени суштински измени во регулација на медиумите, додека пак власта обвинува дека Заев по секоја цена сака да избегне избори поради нискиот рејтинг. Конечен договор за разврската на политичката криза се очекува по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.