Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманАко наполнивте 20 години, ова се 11-те јадења кои веќе треба да знаете да ги зготвите

Ако наполнивте 20 години, ова се 11-те јадења кои веќе треба да знаете да ги зготвите

Стравот од неуспех е секојдневна појава кај младите и неискусни готвачи, но ако не пробате никогаш нема да откриете какви се вашите вештини. Наместо да малтретирате кого начекате по дома за подготовка на оброк, засукајте ги ракавите и фатете се за работа!

1.ПИЦА – Не морате веднаш да се откажете од омилената пицерија, но од време на време пробајте каков вкус ќе има пицата која сами ќе ја подготвите.

2. ПАЛАЧИНКИ – може да ги подготвите солени и слатки, за појадок, вечера или десерт, само за вас или за цело семејство.

banana-pancake13. ПОМФРИТ – Дефинитивно едно од најбрзите јадења кои може да го направите за мезе или ручек. Во комбинација со свежа салата ќе имате совршен оброк.

4.ИНСТАНТ СУПА – Прво, мора да јадете супа што почесто. Второ, да, тоа може да биде и супа од кесичка, ништо страшно.

5. ПЕЧЕН ЗЕЛЕНЧУК – Здрав додаток кој е секогаш добредојден ако сакате да ги смените брзо исечканите салати. Плус, ова е уште едно мерило колку се грижите за својата исхрана.

6. САЛАТА – Мешајте зеленчуци со месо, сирење, кашкавал или некој сочен прелив и уживајте во вашето ремек дело.

salata

7. ДЕСЕРТ ВО ШОЛЈА – Брзо и слатко задоволство во моментите кога имате напад за благо.

8. СЛАДОЛЕД – Наједноставниот и најбрз десерт за кој може да добиете само пофалби.

9. СОСОВИ ЗА САЛАТИ – Мешајте павлака, мајонез, кечап, додајте печурки, кисели краставички или зачини и ќе добиете совршен додаток по сопствен вкус.

10. ПЕЧЕНИ ЛИСНАТИ – Не мора да ги месите, тоа ви е јасно, но би требало да знаете да ги испечете без да ги изгорите.

lisnato11. ТЕСТЕНИНИ – Сварени или потпечени, со сос или само со сирење, тестенините се најбрзо решение за евтин ручек и вечера.