HomeДЕНЕШНАСветАко Европа ја блокира Турција, Ердгодан ќе ги отвори границите за бегалците

Ако Европа ја блокира Турција, Ердгодан ќе ги отвори границите за бегалците

erdogan2

Турскиот претсдетаел Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.

– Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет, изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул.

Тој нагласи дека ниту тој, а ниту неговиот народ не се плашат од „празните закани“.

– Нема да има влијание дури и ако сите ја одобрите резолуцијата на Европскиот парламенет, им порача Ердоган на европските партнери, обвинувајќи ја при тоа ЕУ дека продолжува да води антитурска политика.

Тој потенцира дека во моментов Турција се грижи за три до 3,5 милиони сириски бегалци, додека ЕУ не се ни обидува да ги исполни ветувањата кои ги дала со договорот за запирање на мигрантскиот бран кон Европа.

Европарламентот вчера усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com