Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАко чувате германски марки ќе може да пазарите во „Кауфленд“

Ако чувате германски марки ќе може да пазарите во „Кауфленд“

Во 90-тите најмоќната европска валута по која се раководеа сите трговци и купувачи беше германската марка која по издигнувањето на Европската Унија мораше да биде заменета со централната валута евро, но денес и по повеќе од 10 години се уште има носталгичари кои ги чуваат марките под перница.

Затоа синџирот на маркети „Кауфленд“ од Германија најави дека ќе им овозможи на своите купувачи да плаќаат со германски марки по курс од 1.95 спрема еврото.

Германските патриоти и десничари се уште веруваат дека е возможно да ја вратат марката како национална гордост, а се верува дека се скриени неколку милијарда валути кои чекаат подобри денови.