Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАЈДЕ ги рокна „Бомбите“ пред Собрание – Не за цензурата

АЈДЕ ги рокна „Бомбите“ пред Собрание – Не за цензурата

Протестот предводен од движењето АЈДЕ пред Собранието на Република Македонија даде силен глас против носењето на предложениот закон за забрана за емитување на прислушкуваните разговори добиени по нелегален пат. На протестот се придружија и повеќе здруженија и стотина граѓани кои се незадоволни од законот кој предвидува драконски казни против новинарите.

protest bombi2

Затвор од 4 години за јавно информирање е тежок преседан и произлегува дека тешки кривични дела се казнуваат со многу помали затворски казни. Пред Собранието немаше говорници, туку протестот се изрази со пуштање на телефонските разговори. Законот според сите проценки е тешка форма на цензура бидејќи медиумите ќе се плашат од последиците.

Инаку нелогично е целосно бришење на интернет историјата на македонските медиуми, бидејќи интернетот е слободна зона, а не постојат ниту технички можности сите објави да се избришат бидејќи постојат многу алатки за сочувување на содржините, а тука се и објавите на странските медиуми. Воопшто не треба да се помислува ниту на бришење на социјалните мрежи каде има стотици илјади статуси, дискусии и коментари токму за содржината на телефонските разговори.

Одговорност мора да сноси и самата опозиција која се нафати да објавува прислушкувани разговори, а сега добиваме изјави дека приватноста на лицата кои се инволвирани мора да се заштити и дека се изненадени од потегот на ВМРО и ДУИ.

Автор

Христијан Станоевиќ