Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАјакс доби нов тренер

Ајакс доби нов тренер

Поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Петер Бош го напушто Макаби од Тел Авив и го презема клубот на Ајакс, соопшти славниот клуб од Амстердам. Според овие информации, Бош потпишал тригодишен договор и на тој начин станал наследник на Франк Де Бур, кој беше заменет, откако во последното коло од шампионатот ја загуби титулата.

Бош како фудбалер остави длабок белег во Фејнорд, додека за репрезентацијата одигра осум натпревари и беше член на тимот на Европското првенство во 1992 година, кога Холандија во полуфиналето загуби од Данска после изведувањето на пеналит. Како тренер ги водеше екипите на Де Графшап, Хераклес, Витесе и Макаби.