Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Airlander 10 – Најголемото летало на светот е претставено во јавноста

(Видео) Airlander 10 – Најголемото летало на светот е претставено во јавноста

Airlander 10 е најголемото летало на светот, кое претставува хибрид меѓу авион и цепелин а вчера, за прв пат излезе од хангарот во Бедфордшир во Британија, пренесе BBC. Тоа беше премиера на леталото долго 92 метри кое чини 25 милиони фунти.

Името на ова летало е Марта Гвин а тоа е добиено според името на сопругата на директорот на британската компанија и производител на леталата Hybrid Air Vehicles (HAV).

Повеќето тестови беа направени минатата недела, а датумот на првиот лет се уште не е познат. Името “Airlander 10” го доби, затоа што може да носи 10 тони товар.

Леталото е за 18 метри подолго од најголемите патнички авиони. Би Би Си пренесува дека тимот кој вредно работел на леталото, е убеден дека тоа ќе има повеќестрана намена, од надзор, комуникации, теретен сообраќај, хуманитарни мисии и превоз на патнци.

За разлика од обичните авиони, за “Airlander 10” не е потребна писта и може да слета на повеќе површини, вклучувајќи и вода.

Погледнете како изгледа: