Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Со целосно исполнување на Договорот од Пржино ќе има избори

Ахмети: Со целосно исполнување на Договорот од Пржино ќе има избори

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во годишното обраќање до партијата посочи неколку клучни поенти за изминатиот бурен период на политичка криза, блокади и проблеми. Според Ахмети речиси сите политички реформи предвидени со Договорот од Пржино се спроведени, па затоа закажаните избори во април за нов состав на Собранието мора да се одржат, а останува само партиите да ги надминат своите разлики во поглед на реформата на медиумите.

Меѓу политичките пораки кои ги упати Али Ахмети е дека на албанците во Македонија им се потребни само две партии, едната која ќе ја добие довербата на гласачите и втората која како опозиција ќе биде коректив, па сите други само го раситнуваат единството и заедничките интереси.

Ахмети исто така посочи дека ДУИ е посветена на евроатлантската интеграција на Македонија но, тоа е спречено од блокадата на Грција, како и од големите меѓународни проблеми, па нашите сојузници немале доволно простор да направат промена во спорот.