Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Овој празник да ни служи за промовирање и зајакнување на толеранцијата

Ахмети: Овој празник да ни служи за промовирање и зајакнување на толеранцијата

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на верниците од христијанска вероисповед им ги честиташе Велигденските празници.

„Почитувани верници, имам чест и задоволство во името на сите членови и Демократската Унија за Интеграција, и во мое лично име, да ви упатам честитка по повод големиот празник Велигден, празникот на тримфот, животот и надежта.

Почитувани сограѓани и сонародници, овој празник е и можност да рефлектираме за мир, простуваме и помируваме, како предуслови за подобра сегашност и иднина. Дури и пред овие предизвици искушенија на ова време, мислам дека работите кои не обединуваат се повеќе од оние кои не разделуват. Дозволете овој празник да ни служи за одгледување, промовирање и зајакнување на толеранцијата и меѓусебното почитување.

За секој од вас, за вашите фамилии ви посакувам благосостојба, здравје и се најдобро“, се вели во честитката на Ахмети.