Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Ние сме дел од парламентарното мнозинство, нема да го прекршиме договорот

Ахмети: Ние сме дел од парламентарното мнозинство, нема да го прекршиме договорот

Треба да се внимава политичката криза да не стане етничка, а за таа да се реши по институционален пат, треба сите политички сили што поскоро да изнајдат заеднички јазик, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со комесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници.

– Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинство и не планираме да ги прекршиме нашите ветувања. Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот – изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Ахмети побара од СДСМ и ДПМНЕ да ги доближат разликите и да понудат решение.

Прашан во врска со тоа дали се предведидени санкции од страна на ЕУ, Ахмети одговори дека не се разговарало за истите, туку за мирен трансфер на власта.