Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАхмети му честиташе на контроверзниот Тачи – изборите завршија со 22 повредени

Ахмети му честиташе на контроверзниот Тачи – изборите завршија со 22 повредени

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска упати честитка до Хашим Тачи, по повод неговиот избор за претседател на Косово.

„Денес како и секој друг ден, бев со вас и со сите граѓани на Косово од причина што секој развој во Косово, го доживувам со посебни емоции, не само поради фактот што со децении работевме за Косово или затоа што не сметавме каде ќе не фати ноќта или каде ќе не раздени, туку од причина што ние сме тесно поврзани, ние сме едно, ние сме недделиви.

Дозволете ми, исто така, да го поздравам учеството на пратениците од опозицијата во посебната седница на Собранието на Косово како и конструктивната дебата, но во исто време, морам да истакнам дека насилството во и надвор од Собранието мора да се исклучи како метод за постигнување на политички цели.

Република Косово е земја со која Република Македонија е потписник на најголем број на билатерални договори, а неодамна ја ратификувавме Спогодбата за преминување на граничниот премин само со лични карти и отворање на нов граничен премин. Со вас, како Претседател, јас сум длабоко убеден дека нашата соработка ќе се унапреди и понатаму во заемна корист на нашите граѓани и на регионот“, стои во писмото на Ахмети до Тачи.

Инаку, изборот на контроверзниот Тачи кои го поврзуваат со шверцот на органи, не помина во мирна атмосфера. На вчерашните насилни протести во Приштина повредени се 21 полицаец и еден новинар, а уапсени се петмина демонстранти. Од безбедносни причини, отстранети се шаторите од централниот плоштад во Приштина, во кои претходните три дена кампираа приврзаници на опозицијата.