Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Имаме конструктивни односи со Грција и Бугарија за надминување на споровите

Ахмети: Имаме конструктивни односи со Грција и Бугарија за надминување на споровите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата се сретнал со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, со кого разговарал за патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, за постизборната состојба и системските реформи, се вели во соопштението на партијата.

Ахмети истакнал дека односите со Атина и Софија добиваат многу конструктивна димензија и соработка во духот на надминување на пречките и споровите.

– ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и сите наши енергии треба да се фокусираат во оваа насока, сега по завршувањето на изборите – изјавил Ахмети.