Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Граѓаните да останат мирни

Ахмети: Граѓаните да останат мирни

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати најостра осуда за вчерашните напади на маскирани и гневни демонстранти кои ги тепаа пратениците и новинарите во Собранието и повика на смиреност кај сите граѓани, особено кај Албанците за да не се дозволи овој политички проблем да прерасне во етнички.

„Ова е срамен и несфатлив акт кој ќе создаде последици по имиџот на Република Македонија. Како грд чин треба да се осуди, а граѓаните треба да останат мирни и проблемот да се реши преку институционални средства.

Ахмети најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов,  бидејќи како што рече, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата.