Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети бара почитување на договорот, засега не излегува од влада

Ахмети бара почитување на договорот, засега не излегува од влада

Али Ахмети, лидерот на ДУИ и најголем коалиционен партнер на Никола Груевски, порача дека договорените обврски кои ги превземаа македонските партии за излегување од политичката криза мора да се исполнат целосно. Оваа порака ја упати при средбата со делегацијата на европратениците Џани Питела, Кнут Фленкенштајн и Ричад Ховит.

ahmeti izboren zakonik

– ДУИ постојано помага во решавањето на отворените прашања и е партнер на меѓународната заедница, но смета одговорноста треба да ја поделат и македонските партии. Спроведувањето на Договорот овозможува враќање на евроатланската агенда која е апсолутен приоритет на граѓаните на земјата, особено на Албанците – рекол Ахмети.

Од ДУИ пренесуваат дека засега не размислуваат за напуштање на владината коалиција.