Wednesday, Apr 24, 2024
HomeUncategorizedАГУЕРО: СРЕЌЕН СУМ ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ

АГУЕРО: СРЕЌЕН СУМ ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ

Феноменалниот аргентинскиот репрезентативец и напаѓач Серхио Агуеро ги демантираше гласините за премин во Реал Мадрид и повторно напомена дека клубот во кој се чувствува среќен, не се напушта,  објавија шпанските медиуми.

„Клубот се напушта кога во него не можете да постигнете врвни цели, а тоа кај мене не е случај“, рече Агуеро за Ел Мундо Депортиво и додаде дека “не може да ги запре гласините, но може да рече дека е среќен во Сити“.s. aguero

„Постигнував успеси во последните четири сезони во овој клуб и сакам уште трофеи. Нормално дека ми е приоритет повторно да ја освојам Премиер лигата, но триумф во Лигата на шампионите ќе ми биде остварување на сонот“, изјави Агуеро кој во Манчестер Сити пристигна во 2011 година  и постигна 107 погодоци.

Тој со многу успех настапи во изминатите неколку години каде во дресот на граѓаните” Агуеро освои две титули во Премиер лигата (2012 и 2014 година), освои еден Лига Куп и еден Комјунити Шилд.