Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАгрон Буџаку разрешен од амбасадорската функција пред истекот на мандатот

Агрон Буџаку разрешен од амбасадорската функција пред истекот на мандатот

Агрон Буџаку разрешен од функцијата амбасадор на Македонија во Франција. Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпиша указот со кој го разрешува актуелниот амбасадор.

Функцијата амбасадор во Француската Република на Буџаку му завршува заклучно со 4 декември годинава. Тој беше именуван во 2009 година, откако претходно беше министер за транспорт и врски.