HomeДЕНЕШНАПолитикаАгрон Буџаку е нов директор на Центарот за управување со кризи

Агрон Буџаку е нов директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Ваква одлука била донесена на владина седница одржана во петокот. Тој доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата на заменик-народен правобранител.

Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со кризи кога се формираше во 2005 година, но по 9 месеци извршување на функцијата беше избран за пратеник. Од 2009 година до декември минатата година Буџаку беше македонски амбасадор во Франција.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com