Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАгрофуд 2015 во знак на зимницата и органската храна

Агрофуд 2015 во знак на зимницата и органската храна

Есента во Македонија пристигна, а со тоа дојде и времето кога главниот разговор во секое семејство се врти околу зимницата и што да се приготви и складира за зимските месеци. Главоболките околу купувањето на зеленчук и овошје за подготовка на ајвар, печени пиперки, кисели краставички, џемови и останатата традиционална зимница стануваат минато, бидејќи од 1-ви до 4-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015, каде продажниот аспект на готовата традиционална зимница е гаранцијата за полните тегли. Освен квалитетната зимница, новитет се органските производи и македонската традиционална зимница, кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители.

Продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство може лесно да се снабди со зимница од исклучиво природни состојки. На „Агрофуд 2015“ меѓу многуте исложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДИЕМГП, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Минерална вода Суна… Меѓу неколкуте новитети како органската храна и органските македонски производители е и одржувањето на МАКЕДОНСКО–УНГАРСКИТЕ БИЗНИС СРЕДБИ за време на саемот. Целта е остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија со креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи. Бизнис делегацијата од Унгарија ја сочинуваат 8 компании од агробизнис секторот од различни дејности, изјави проект манаџерот на Скопски саем, Магдалена Хамбова

Органските производи кои ќе бидат презентирани исклучиво од македонските органски производители се големиот новитет оваа година на АГРОФУД 2015. Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна, а со тоа расте и производство и преработката на органски производи.