Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАгрофуд 2015 најавува најдобра органска храна од македонско потекло

Агрофуд 2015 најавува најдобра органска храна од македонско потекло

Овогодинешниот саем Агрофуд 2015 најавува еден голем новитет за своите посетители, а тоа е промоцијата на органска храна произведена според најстроги стандарди од страна на македонските производители.

agrofud 2015

На големиот саем за земјоделски производи ќе се претстават голем број македонски брендови како Дием ГП, Бонум и Випро, а ќе има над 70 директни и 160 индиректни изложувачи. Посетителите ќе може да си набават и подготвена зимница произведена исто како во домашни услови. Агрофуд 2015 ќе трае од 1 до 4 октомври на Скопски саем.