Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАгенцијата за млади и спорт ќе финансира 500 спортски таленти

Агенцијата за млади и спорт ќе финансира 500 спортски таленти

Агенцијата за млади и спорт ќе ги додели стипендиите на 500 млади спортски таленти кои со своите резултати и ангажмани во изминатиот период заслужиле поголема финансиска подршка. Директорт на АМС Марјан Спасески ќе им ги врачи плакетите и секако, стипендиите кои изнесуваат 20 проценти од просечната плата во Македонија и истата ќе ја добиваат во текот на наредните 10 месеци. На овој начин младите спортисти ќе може да си ги обезбедат барем дел од потребните средства за тренинг и да продолжат да се развиваат.