Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАгентите на ФСБ претерале со дипломската, по казна ќе служат на Чукотка и Камчатка

Агентите на ФСБ претерале со дипломската, по казна ќе служат на Чукотка и Камчатка

Поголема група на дипломски за тајната служба ФСБ направиле огромен скандал и претерале со прославата користејќи црни џипови со кои дивееле низ московските улици. Тие снимиле и краток филм од оваа непримерна прослава, а што е најстрашно им се гледаат и лицата, а со тоа и нивниот идентитет што воопшто не е прифатливо за тајните служби.

fsb diplomci

Затоа старешените меѓу кои и Путин кој и самиот е поранешен агент на КГБ, службата која му претходеше на ФСБ, се премногу бесни на дипломците. На нив им била понудена можност или да ја напуштат ФСБ или пак да служат во Чукотка до Алјаска каде гувернер бил и Амбрамович или Камчатка, најодалечената руска територија близу до Јапонија.

На ваквото провокативно однесување не се осмелила да интервенира ниту полицијата, па затоа Путин кој беше шеф на ФСБ, ќе направи се за дипломците да си ја научат лекцијата и да не нарушува повеќе угледот на службата.