Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАгенти, снајперисти и 7.000 полицајци ќе ги чуваат светските дипломати во Белград

Агенти, снајперисти и 7.000 полицајци ќе ги чуваат светските дипломати во Белград

Министерскиот самит на ОБСЕ кој ќе се одржи на 3 и 4 декември во Белград, ќе биде максимално обезбеден. 7.000 полицајци распоредени во пет прстени на обезбедување, снајпери распоредени по крововите на зградите во близина на местото на состанокот, ќе ги чуваат светските дипломати.

Самитот на министри на ОБСЕ, според политичкото значење, може да се спореди само со конференциите на неврзаните во времето на владеењето на Јосип Броз Тито и поради тоа грижата за безбедноста на сите учесници ќе биде крената на највисоко ниво, бидејќи средбата на светските шефови на дипломатиите во Белград се одржува во време на терористички напади и отворено затегнати односи, пишува Telegraf.rs.
samit-ministri-oebs-belgrad-01Покрај српските безбедносни служби ќе има и специјалци од други држави, па така, американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во Србија ќе дојдат со лично обезбедување. За безбедноста на Кери ќе биде задолжена тајна служба која се грижи за безбедноста на американскиот претседател. Овие оперативци се единствените кои имаат право да одбијат наредба од претседателот на САД. Со Лавров во Белград ќе патуваат оперативци на „ФСБ” и тие ќе бидат задолжени само за првиот прстен на безбедност, додека за сè друго задолжени ќе бидат српските служби.

Учеството го потврдиле околу 70 држави и околу 40 министри за надворешни работи. Се очекува да има околу 7.000 учесници на самитот – членови на делегации, обезбедување и организатори.