HomeДЕНЕШНАПолитикаАгенција за медиуми: Медиумите да не ги натураат сопствените ставови

Агенција за медиуми: Медиумите да не ги натураат сопствените ставови

Телевзиите не го кријат незадоволството од оценките на агенцијата за медиуми, додека пак агенцијата реагира на прилозите наменети за нивните укажувања.

По објавувањето на извештаите од третиот период на мониторингот што го реализира агенцијата за медиуми во некои медиуми се појавија прилози во кои се изнесуваат тези чија невистинитост е неопходно да се демаскира, велат од агенцијата.

Во нивното соопштение се вели дека во однос на тезата дека мониторингот треба да биде ограничен само на партиите и на теми поврзани со изборите, се работи дека поимот предизборна кампања не постои. Ако се мислело на изборна кампања, тогаш треба да се знае дека тоа е период кој смее да трае само 20 дена пред денот на гласањето, што значи дека мониторинг на изборна кампања ќе има дури во тие 20 дена пред изборите.

Од агенцијата додаваат дека професионалните правила на игра во македонскиот радиодифузен простор бараат еднаков третман кон сите. Тоа треба да го почитуваат радиодифузерите. Доволно е тоа што медиумите секојдневно и кажуваат на публиката за што да размислува, тие не треба и да и кажуваат како да размислува за тие настани, натурајќи и ги сопствените ставови и мислења. Ова второво – не претставува критички однос, велат до агенцијата за медиуми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com