HomeДЕНЕШНАРегионАеродромот во Истанбул небезбеден – повторно пукање страв за патниците

Аеродромот во Истанбул небезбеден – повторно пукање страв за патниците

istanbul-aerodrom

Меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул повторно е отворен за патниците, откако извесно време беа блокирани приодите кон него поради истрели во близина на аеродромската зграда, пренесуваат медиумитe. Полицијата успеала да ги приведе осомничените лица, кои според првичните информации се возеле на мотоцикл и одбиле да запрат на барање на полициските службеници.

„Аеродромот е отворен за патниците“, изјави гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, откако полицијата поради инцидентот извесно време ги блокираше приодите кон најголемиот аеродром во земјата кој во минатото беше цел на смртоносни терористички напади.

Според сознанијата на информативниот портал BNO News, кај осомничените не било најдено оружје или експлозивни средства. Претходно беше објавено дека се слушнале истрели од зградата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако двајца на мотоцикл не ја послушале наредбата на полицијата да запрат.

Во медиумите има контрадикторни информации дека едно од лицата било рането, а по другото се трагало. Агенцијата Reuters претходни објави дека полицајците отвориле оган врз моторот кој не запрел на нивниот сигнал, при што едно лице било рането.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com