Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАЕК потсети на влезот на Лајкомобил и високиот роаминг со Албанија и Косово

АЕК потсети на влезот на Лајкомобил и високиот роаминг со Албанија и Косово

Агенцијата за електронски комуникации за време на 4- тата меѓународна конференција со десетина агенции со слична надлежност, потсети дека на 1 јули треба да влезе новиот виртуелен мобилен оператор Лајкомобил, а состанокот беше искористен и за постигнување на договори за намалување на цените на роаминг кои кон Албанија и Косово и натаму се високи.

lycamobile macedonia

„ Да, Лајкамобил официјално треба да стартува со работа на 1 јули.Тоа е нешто што се одвива и подготвува подолго Очекувањата се големи, но да почекаме како ќе се довиваат работите. На 1 јули се должни да почнат со работа“, најави Сашо Димитријоски директорот на АЕК.

Додека цените за роаминг кон Србија, Црна Гора и БиХ се намалуваат во континуитет во Албанија има голем отпор од мобилните оператори кои дури поведоа и судски процеси под закана за нивниот профит.