АЕК доби нов директор, Орданоски не е реизбран
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доби нов директор. Досегашниот директор, Роберт Орданоски ја потврди оваа информација и на својот Фејсбук профил. Негов наследник ќе биде Владимир Ристевски.
– Директор во АЕК бев пет години, нема да останам да работам тука и не знам каде ќе ја продолжам професионалната кариера – изјави Орданоски за „Мета“.
На местото директор на Агенцијата, Орданоски дојде од „Ти-мобајл“, каде што работеше 10 години и беше директор на инженеринг.