Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАдвокатот кој го смисли „Че си лежите“ го напушти СДСМ затоа што не напредувал

Адвокатот кој го смисли „Че си лежите“ го напушти СДСМ затоа што не напредувал

Адвокатот од Прилеп, Жарко Стефановски, инаку познат по тоа што за време на протестите на „Шарената револуција“ го смисли слоганот „Че си лежите“, соопшти дека повеќе нема да биде член на СДСМ затоа што не можел хиерархиски да напредува во партијата.

Стефановски беше член во матичниот комитет на СДСМ  во Прилеп. Оваа одлука ја донел поради, како што вели тој, недостиг на можност за напредување во партиската хиерархија и на волја за соработка и имплементација на нови стратегии.

– И покрај преземањето на локалната власт на последните локални избори, ОО на СДСМ Прилеп воопшто не покажа интерес за имплементирање на нови политички активности кои доликуваат на политики на партија на власт, кое нешто се потврди и од изборните резултати на последните претседателски избори. Активностите и политиките на огранокот би требало да бидат рефлексија на генералните политики на партијата, но со оглед на актуелните политички случувања и политички резултати на локално ниво не е случај, објави адвокатот.

Тој додава дека неговиот ангажман не бил искористен за генерални цели и политики на партијата, туку за потребите на одредени поединци и групи.