HomeДЕНЕШНАСветАдвокатите на терористот Абдеслам се откажаа од одбраната

Адвокатите на терористот Абдеслам се откажаа од одбраната

Адвокатите што го застапуваа единствениот преживеан од групата исламистички милитанти што минатата година во Париз убија 130 лица, соопштија дека веќе нема да го застапуваат.

Салах Абдеслам, кој откако е уапсен на почетокот на годинава е во самица во затвор во близина на Париз, не сака да зборува ниту, пак, сака правни застапници, рекоа неговите адвокати Франк Бертон и Свен Мари за телевизијата „Бе-еф-ем“.

„Уверени сме, а и тој самиот рече дека нема да зборува и оти ќе го искористи своето право да се брани со молчење. Што можеме да направиме? Јас уште на почетокот реков дека ако мојот клиент инсистира да се брани со молчење, јас не можам да го бранам“ – рече Бертон. Тој додаде дека Абдеслам е „доведен до лудило“ со постојаниот видеонадзор во затворот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com