Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАдвокатите на насилниците тврдат дека нивните клиенти се примерни граѓани кои се каат

Адвокатите на насилниците тврдат дека нивните клиенти се примерни граѓани кои се каат

Адвокатите на насилниците кои учествуваа во нападот на Собранието на 27 април го поздравија нивното признавање на делото и сметаат дека со тоа тие покажале доблест.

– Сите обвинети се свесни дека со самото присуство го извршиле ова кривично дело, тие биле заведени од толпата, и имаа доблест да го признаат делото, што е за поздравување. Тие вистински се каат, не само за да добијат поблага казна пред судот – рече Владо Докулевски, адвокат на неколкумина од првата група од деветмина обвинети за насилствата во Собранието.

Откако се произнесоа за виновни, сите деветмина добија условни казни затвор, во времетраење од 1 година за шест месеци, а само на прилепчанецот Димче Христоски – Жабата, му беше изречена условна мерка затвор во времетраење од 5 години условно за еднаипол година ефективна казна затвор.

– Со оглед на фактот што обвинетите ја признаа вината, добија соодветна алтернативна мерка, тоа беше условна осуда, така што голем дел од оштетените не побараа дополнителен кривичен прогон на обвинетите, и отштета од нив. Тоа беше исто така во прилог на обвинетите и тоа беше една беше олеснителна околност, скоро сите беа примерни граѓани, неосудувани, и сето тоа беше исто така олеснителна околност – изјави адвокатката Валентина Тодоровска.