Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел повеќе не сака да оди на турнеи

Адел повеќе не сака да оди на турнеи

Британската пејачка Адел им порача на своите обожаватели на концертот во Нов Зеланд дека незнае дали повторно во иднина ќе оди на турнеи или не. Адел на обожавателите за време на концертот во Окланд и соопштила „дека турнеите не се нешто во што таа е добра“ и додала дека не е сигурна дали ќе организира турнеи во иднина, соопштија странските медиуми.

Концертот во Окланд е последниот пред големиот концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон, со која ова лето тсаа ќе стави крај на својата голема турнеја. Познатата пејачка пеела за време на дожд, со потполно мокраа облека. „Штотуку поминав два часа залудно местејќи ја својата фризура и шминка“, се нашалила пејачката за време на концертот.