HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел подготвена да го каже судбоносното „да“

Адел подготвена да го каже судбоносното „да“

4494934_adel-f2jpg

После пет години врска, Адел и Сајмон Конецки се подготвени за следната фаза од животот- прво за веридба, а потоа и за судбоносното да. Познатата пејачка е во врска со 42-годишниот Симон од 2011 година, а во 2012 година добија син. Судејќи според информациите кои ги пласираа британските медиуми, парот планира веридба до крајот на годината.

Официјална потврда за такво нешто се уште нема, но пејачката минатата година оцени дека таа романса е „совршена љубовна приказна“. Имаше неверојатна година, го сруши рекордот на продажба и потпиша договор вреден 90 милиони фунти. Сепак, чекор поблиску до венчавка, секако би бил многу важен настан во приватниот живот на славната Британка.

adel-i-sajmon-k-f2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com