HomeДЕНЕШНАСветАдел ги советуваше Американците: Не гласајте за Доналд Трамп

Адел ги советуваше Американците: Не гласајте за Доналд Трамп

4490521_adel-f2jpg

Познатата британска пејачка Адел се вклучи во темата за претседателските избори во САД и ги повика гласачите дане гласаат за републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп. За време на нејзиниот неодамнешен настап во Мајами, таа и порача на публиката да не гласаат за Трамп и додаде дека таа 100 отсто ја поддржува Хилари Клинтон.

Адел кратко им се објави на своите обожаватели во Мајами: „Не гласајте за Трамп. Тоа е се што имам да ви кажам“. Покрај тоа таа истакна дека не ја интересира кој ќе гласа за Доналд Трамп, а кој не, туку дека и важно да и порача на сите дека таа тоа никогаш не би го сторила.

Иако е Адел Британка и нема да има право на глас на предстоечките избори за нов претседател на САД, таа порача дека она што се случува во Америка е и нејзина грижа. Адел од порана покажа блискост со Хилари Клинтон, а на Трамп му порача да престане да ги користи нејзините песни на неговите предизборни собири.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com