HomeДЕНЕШНАПолитикаАд хок комисијата предожи прекршочни постапки за Сител, Алфа и Нова

Ад хок комисијата предожи прекршочни постапки за Сител, Алфа и Нова

ad hok mediumi

Привремената Комисија за следење на медиумското претставување, со три гласа „за“ и два против, предложи поведување прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова.

Според одлуката на Комисијата, постапките за телевизиите Сител и Нова се поведуваат поради членот 75, став 1, кој регулира балансираност во известувањето, додека за телевизија Алфа постапката е поведена според член 75 став Б од законот, кој забранува прилози со кои може да се остави впечаток дека активности на државните органи се и партиски активности. Двајцата членови кои гласаа против овие предлози најавија поднесување на издвоени мислења и изнесоа забелешки за недоследно применување на законот и методологијата на Агенцијата за Медиуми.

Комисијата заседаваше да го разгледа извештајот на Агенцијата за петтиот од вкупно десетте периоди во кои се набљудува известувањето на електронските медиуми. Овие правила за известување важат 100 дена пред изборите закажани за 11 декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com