HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети на форумот на жени на ДУИ: Изминатите две години да не се повторат

Ахмети на форумот на жени на ДУИ: Изминатите две години да не се повторат

ali-ahmeti

Во Центарот за култура во Тетово денеска се оддржа собир на Форумот на жени на Демократската Унија за интеграција. На собирот присуствуваше и оддржа обраќање лидерот на партијата Али Ахмети, кој порача дека престојните избори на 11 декември се многу важни и дека партијата во изминативе две години се соочила со многу тежок мандат кој не би сакале да се повтори.

– Изборите што претстојат се многу важни и јас не се сомневам во победата на ДУИ. Имавме многу тежок мандат во изминатите две години и не сакам ваквите сотојби да се повторат. Но, да го заборавиме тоа што поминало и да мислиме и да се бориме за тоа што доаѓа. Можевме и повеќе да направиме ако немавме криза наметната од центри што не ни сакаат добро. Ние не градиме фабрики, но, носиме закони што ја подобруваат состојбата во земјата. Сакам да се обратам и кон помалите партии кои во последно време многу не омаловажуваат како ДУИ. Јас би им порачал да не се занимаваат со нас туку да ги претстават нивните програми да видиме дали и каде се тие подобри од програмата и платформата на ДУИ што е изработена од врвни надворешни и експерти од партијата, рече Ахмети.

На денешниот собир на форумот на жените од ДУИ во Тетово се обратија и преставнички од нивните ограноци во Дебар, Охрид и Куманово, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и шефот на изборниот штаб на оваа партија Беким Незири.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com