Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометАбутовиќ: Ова го чекавме неколку години, го заслуживме трофејот!

Абутовиќ: Ова го чекавме неколку години, го заслуживме трофејот!

Ракометарите на Вардар слетаа во Скопје каде ѓи очекува голем пречек на плоштадот во Скопје, откако во неделата во Келн стигнаа до титулата во Лигата на Шампионите.

Хероите на Македонија беа пречекани од големи број на фанови на аеродромот „Александар Велики“.

Главниот во одбраната на Вардар, Илија Абутовиќ, не го криеше задоволство и во Скопје на аеродромот изјави:

„Ова го чекавме неколку години, чуството е неверојатно“

„Беше тешко, имавме моќни ривали како Барселона и ПСЖ, но го заслуживме трофејот. Вардар има големо срце!“