Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеА само што го отворија: Затворен највисокиот стаклен мост во Кина

А само што го отворија: Затворен највисокиот стаклен мост во Кина

Бројот на посетители достигнал толку голем број што властите одлучиле да го затворат стаклениот кинески мост на одредено време. Причината за тоа е што мостот може дневно да прими само 8.000 туристи, а доаѓале повеќе од 10.000 посетители.

Импресивниот стаклен мост во Кина стана вистинска туристичка атракција, па мораше да биде затворен за јавноста само 13 дена по неговото свечено отворање.

-Бројот на туристи едноставно е преголем, изјавил претставник на маркетинг тимот кој е задолжен за промоција на најдолгиот стаклен мост а светот.

Кинеските инженери сега работат на подобрување на системот, а потоа ќе го тестираат за поголемиот проток на туристи. Сеуште не е познато кога мостот повторно ќе биде отворен за туристите.

Стаклениот кинески мост е долг 430 метри, широк 6, направен е од дури 99 стаклени плочи, а се извишува на 300 метри над кањонот во националниот парк Тианменшан. Овој мост важи за највисокиот и најдолг стаклен мост на светот.

Мостот беше отворен на 20. август а влезницата чини 18,5 евра.