Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПензискиот статус на земјоделците ќе биде решен

Пензискиот статус на земјоделците ќе биде решен

Пензионерите кои плаќале придонеси според законот кој важел од 1978 и 1988 година ќе имаат регулиран стаж и владата ќе предложи нов закон со кој ќе се реши нивниот статус со што ќе им се признаат потребните години за да може да го остварат правото на пензија.

Станува збор за специфична, но доволно голема група на земјоделци кои биле оставени во легислативен лавиринт и во наредните денови со законско решение ќе им се помогне да остварат стаж. Оваа мерка ќе биде поткрепена и со средства од државата во износ од околу 32 милиони денари.