Tuesday, Apr 16, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно93-Годишен старец ја претрча Америка!

93-Годишен старец ја претрча Америка!

После две години и 10 месеци, ветеран од Втората светска војна, 93-годишниот Американец Енри Ендруз, успеал да ја претрча Америка за да собере пари за да се врати бродот од Нормандија во САД. Ендруз трчал во мисија да собере сума на пари за американскиот брод од Втората светска војна од Индијана да биде вратен за одбележувањето на 75 годишнината од Сојузничките слетувања во Нормандија во Франција, која ќе биде одбележана во 2019 година.

Локалните медиуми во САД пренесуваат дека Ендруз го пречекале стотици луѓе во Џорџија, која му била крајна дестинација. Започнал да трча во Калифорнија на 7 октомври 2013 година, а патувањето го завршил во државата Џорџија.

Veteran-f1

Ендруз во петокот наполнил 93-години, а за време на војната бил доктор на еден од бродовите кој сака да биде вратен во САД.