HomeРЕФЛЕКТОРМузика9 горчливи години без Тоше Проески

9 горчливи години без Тоше Проески

Пред 9 години најсветлата музичка ѕвезда на Македонија згасна на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска. Неповторливиот Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа патувајќи кон Загреб каде требаше да гостува во ТВ емисија и ги скрши срцата на илјадниците фанови ширум Балканот.

tose-nesreka_wide

Тој на 5 октомври го одржа и последниот концерт на градскиот стадион во Скопје собирајќи огромен број на фанови од кои побара да му направат ѕвездено небо. По 9 години за фановите на небото има само една ѕвезда која за нив постојано сјае.

Тоше е роден во 1981 година во Крушево и со неизмерниот талент брзо ги освојуваше сите музички височина, но неговиот обид за меѓународна кариера со првиот албум на англиски јазик „The Hardest Thing“ беше трагично прекинат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com