Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника9 годишно дете прегазено во Чаир

9 годишно дете прегазено во Чаир

Тешко повредено е деветгодишно дете кое вчера во Чаир било удрено од патничко возило „форд фокус“. Според МВР, несреќата се случила на улицата „Лазо Трповски“, а со возилото, со скопски регистарски ознаки, управувал Ќ.Ф.(59) од Скопје. Детето има фрактура на двете коски од левата подлактица. Префрлено е во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и задржано на натамошно лекување.