HomeДЕНЕШНАСвет82 лица починаа во воздушен напад на арапската коалиција во Јемен

82 лица починаа во воздушен напад на арапската коалиција во Јемен

Најмалку 82 лица почонаа, а 534 се ранети во воздушен напад на арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија во главниот град на Јемен, Сана, изјави в.д. министер за здравство на владата на бунтовниците Хути, Гази Исмаил.
Стотици делови од разнесени тела беа пронајдени во и околу салата за погреби по нападот. Еден од спасувачите, Мурад Тавфик, ја опиша сцената како „езеро од крв“, пренесе АП.

Саудиската коалиција се уште не го искоментирала нападот. Погребот бил за таткото на министерот за внатрешни работи во владата на Хутите, Галал ал-Равишан, сојузник на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Се верува дека се убиени и бројни функционери на бунтовниците.

Меѓународно признатата на влада на претседателот Абдрабу Мансур Хади се бори против Хутите и против силите лојални на Салех. Илјадници цивили загинаа откако почна воздушната кампања, предводена од Саудиска Арабија, минатиот март. Речиси три милиони луѓе се раселени откако почна војната во 2014 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com