HomeДЕНЕШНАСвет8 пожарникари загинаа во огромен пожар во Москва

8 пожарникари загинаа во огромен пожар во Москва

8 припадници на протипожарните служби на Русија загинаа во обид да изгасат голем пожар кој избувна во во склад пластични производи на истокот на Москва, соопшти оперативниот штаб на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Пожарот се проширил во реонот Голјаново и зафатил површина од четири илјади квадратни метри. Во гаснењето учествуваа 160 пожарникари и 46 единици за техника. По рушењето на покривот на зградата исчезнаа осум припадници на Министерството за вонредни состојби на Русија.

„Телата се откриени на местото каде што претпоставувавме, каде беше фокусирана основната потрага“, изјавија од министерството.

Како што соопштува МВС, загинатите пожарникари работеле на покривот. Тие биле меѓу првите кои пристигнале на местото на пожарот, извршиле проценка на местото и спасиле повеќе од сто работници во складот.

Во моментов пожарот е изгаснат, продолжува работата за расчистување на последиците од пожарот.
Покрената е кривична истрага за нарушување на противпожарната безбедност. Засега се разгледуваат две верзии – невнимателно ракување со оган и краток спој.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com