Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје70 милиони за реконструкција на Милениумскиот крст на Водно

70 милиони за реконструкција на Милениумскиот крст на Водно

Град Скопје планира нов проект за реконструкција на Милениумскиот крст на Водно со градежни работи кои ќе опфатат поставување на целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција, замена на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа.

На проектот е ангажирана компанијата „Турбо инженеринг“ со вредност од 70 милиони денари за целокупната реконструкција на Милениумскиот крст и теренот околу него, па се надеваме дека оваа содржина ќе добие уште подобар лик бидејќи е омилена за многу посетители и странски туристи.

Извор: skopjeinfo.mk