Sunday, May 28, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопје70 години библиотека „Браќа Миладиновци“

70 години библиотека „Браќа Миладиновци“

Најпознатата библиотека во Скопје вчера одбележа јубилејни седум децении постоење

Библиотеката има големо значење за градот и за нејзините граѓани. По значење може да се изедначи со универзитетот. Таа го креирала и го издигнувала духовниот развој на граѓаните на Скопје, била место каде што се одвивал богат културен живот, се одржувале многу литературни средби, промоции, се распишувале литературни и ликовни конкурси, се одржувале семинари и трибини, се поставувале изложби, се одбележувале годишнини…,

рече вчера Гордана Петревска в.д. директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на свеченото одбележување на 70 годишнината од постоењето на институцијата.

Притоа беше промовирана и монографијата „70 години Градска библиотека ’Браќа Миладиновци’“ од Виолета Мартиновска, а на Министерството за култура и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им беа врачени плакети за посебен придонес во развојот на библиотеката и остварената заемна соработка по повод јубилејот.