HomeДЕНЕШНАРепублика7 април е светски ден на здравјето – бесплатни прегледи во чест на денот

7 април е светски ден на здравјето – бесплатни прегледи во чест на денот

 

Утре, во чест на одбележување на Светскиот ден на здравјето 7 Април, ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ оваа година го одбележува со доделување на благодарница на Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка и проф.д-р Никола Јанкуловски. Овие лица ги добиваат благодарниците за покажан хуман гест во придонес на зајакнување на службата за итна медицинска помош преку обезбедување донација на санитетско возило во делот на зајакнување на ресурси за поголемо доближување на блиски здравствени услуги.

Инаку, ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ со Студентскиот парламент на Медицински факултет потпиша меморандум за соработка во дел на практични активности на студентите во Итна медицинска помош при ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“.Традиционално и оваа година Денот на здравјето 7 Април е одбележан со бесплатни превентивни прегледи во Општина Чаир со тим од доктор, медицинска сестра и лаборант.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com