HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Кривична пријава против министерот Цветков

Николовски: Кривична пријава против министерот Цветков

ljupco_nikolovski-zemjodelstvo_0

Кривична пријава против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, поднесе дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски. Пријавата се однесува на неправилностите кои ги констатирале државните ревизори во извештајот за 2013 година. Во него се наведени неправилности во постапката за давање земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп.

„Бидејќи сите факти утврдени во ревизорскиот извештај не допираат до Јавното обвинителство за да постапува по нив, ние поднесовме кривична пријава против службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое постапувало спротивно на законите, а со таквото работење нанело штета и на средствата на Буџетот на РМ и потешко ги повредило правата на закупците“ – стои во соопштението на Николовски.

Од Министерството за замјоделство ги негираа обвинувањата поврзани со доделување на државно земјоделско земјиште и велат дека со нив Николовски сака да добие политички поени или да ја прикрие нетранспарентната распределба на земјоделско земјиште во времето на СДСМ.

„Увид на лице место е направен на целокупното земјоделско земјиште во државна сопственост кое било предмет на објавување на јавен оглас и предмет на доделување“ – велат од кабинетот на Цветков.

Тврдат дека се води и целосна контрола за наплата на закупнинАТА КАКО И за доставените банкарски гаранции во однос на сите договори. Според дополнителниот заменик токму најголем дел од ревизорсакипт извештај се однесува на начинот на кој се делело државното земјоделско земјиште.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com